header image
 

Шпанско-турска паралела

Очигледно Македонија срка што и се сервира па не може да се тргне од пред телевизор во попладневните часови кога на секоја македонска телевизија иде по некоја серија. Турциве ко да видоа дека ние за серии сме секогаш отворени, па гледам сериозно решија да им бидат конкуренција на шпанскиве теленовели, со нови пресврти и шаблонски сценарија. Секако секогаш љубовните приказни се главна тема на развојот на дејствието и еве како тие се разликуваат од земја во земја. Па, шта би било кад би било..

Шпанска серија
Главниот лик се вика Габриела. Таа е сиромашна девојка која е на раб на егзистенција и нема семејство али многу учи на најблискиот факултет со стипендија.

Турска серија
Сите се главни ликови. Поголемиот дел се просечни со финансиите, а другите се многу богати и сите имаат минимум 5 члена во фамилијата

Шпанска серија
Поминуваат 15тина епизоди и Габриела случајно сретнува момче и се заљубува на прв поглед, незнае дека е богат затоа што не е типично за богати луѓе да се шетаат кај нејзе во населба патем населбата е со многу убави куќи само нејзината е крш.

Турска серија
Ехеее во 15та епизода веќе некои се зимаат, тек во 16та и дете би имале ама штета нивната љубов е забранета и сите фамилии во серијата се во фрка ради свадбата. Се разведуваат во 17та епизода и типот со име Мерхат заминува на пост-дипломски во Германија. Латифе т.е. девојкава уплакана почнува да се бунтува и бега од дома.

Шпанска серија
По долго молење излегува на дејт со типот кој се вика Диего. Во ресторанот ја сретнуваат бившата на Диего која е разгалена богаташка (пошто татко и е нарко бос во Венецуела и е сериозно уплеткан во гомна). Таа му праи фрки на Диего и ја издава неговата тајна дека он е богат наследник на фирма која вреди милиони. Габриела е шокирана, почнува да плаче заради лагата на Диего и брзанката низ врата никогаш повеќе да не го види.

Турска серија
Сестрите и браќата на Латифе или се коцкари или перат пари, кој наркоман, кој пироман, мајка и емоционално нестабилна, татко и дибек со бркови. Сите со своите проблеми. Латифе неможе да го поднесе животот на улица се мажи за некој клиент нејзин, богат и отмен постар господин. Мерхат тажи во Германија и после 20тина епизоди се враќа во Истанбул да ја побара Латифе. Ја наоѓа, оваа му лупа врата и со изразито литературно македонски го отерува во три лепе.

Шпанска серија
Диего плаче и ја моли Габи да му прости, она ни да чуе. Се бркаат едно 50 епизоди. Те оваа го сака, те он ја сака, лапа еден, лапа друг, ебе трет и на крај му простува. Почнуваат да живеат заедно, среќни весели али оваа гускава ја губи стипендијата пошо била презафатена со барање на љубовта на својот живот. После неколку епизоди се дознава дека уствари вистинската причина е Есперанса која имала афера со деканот на факултетот само за да и го загорчи животот  на Габи.

Турска серија
И Мерхат ко Диего во депресија паѓа а во меѓувреме се случуваат толку пресврти што ни режисерот веќе не знае кој со кој е и на кој што му е. Мајка му на Мерхат решава да ја признае љубовта на син и кон Латифе и овие двајца се смируваат и повторно се венчаат. Прекрасна свадба, сите среќни, Латифе пет пати побогата од претходно.

Шпанска серија
По долги кавги се дознава дека Габи и Есперанса се двојајчани близначки од различни татковци и дека голем дел од богатството и припаѓа и на Габи. Тука уште повеќе се мрзат една со друга, сплетки нешто А-У! Есперанса добива леукемија и Габи е единствената која може да ја спаси. Пошто она е добра во душа и после 47 епизоди плачење и карање се сожалува и и помага. Стануваат најдобри другарки и имаат супер сестрински однос со Есперанса но банкротираат, а татко и на Есперанса е уапсен.

Турска серија
Веќе не се во центар на вниманието затоа што се среќни, Мерхат и Латифе заедно раководат корпорација. Во меѓувреме цела фамилија си ги решаваат проблемите, продаваат ниви, купуваат станови, наоѓаат мажи, жени. На сите конечно им тргнува и тогаш се открива дека свекрвата им штети на сите али ги боли кур и седат во двор, чилираат и пијат чај.

Шпанска серија
Конечно Габи и Диего се зимаат.На  Есперанса во меѓувреме и ја ампутирале ногата и сите сметаат дека тоа е цената што ја платила зашто била злобна со Габи али битно се запознала со братучедот на Диего со име Алехандро кој е инвалид и малце ко заљубенка е во него. 321 епизода-крај и сцената како Габи и Диего се бакнуваат на некој остров, облечени во бело и дува ветер.

Турска серија
Веќе решените проблеми се дискутираат, сите си се извинуваат еден на друг, простено им е на сите и нема да им се повтори. Си ги бакнуваат рацете и продолжуваат да пијат чај во двор. Латифе и Мерхат доаѓаат и на сите жени им носат подарок папучи од новата колекција на фирмата и за мајка и плус гоблени рачно изработени купени во чаршија.

Бонус:
1. Твојот дечко е син на љубовницата на мојот маж!
2. Можда је родила дете ал не сеча се!

69 и други незгодни позиции

Никогаш не ме возбудувал ноќниот живот во Скопје. Места кои наликуваат едно на друго, фенсерај и кичерај насекаде, турбо фолк и тук таму чудни фаци кои слушнале дека некое место е „најбоље браааат“ и ете дошле да се уверат и самите. Не ми текнува кога последен пат бев во некоја од нашиве скопски дискотеки, али ова доживување ќе го памтам долго време. 69-име за кое веројатно сопственикот сметал дека е кул и ќе привлекува повеќе скопски клабери и кремци. На роденден бев,  секако со резервирано сепаре + флаша.

1. Сардина
Редици и долго чекање, нешто по досадно од тоа се лошите шеги на тој позади тебе што очајно се обидува да ја импресионира „цуцата“ со кој долго време се договарал на Фејсбук да излезат, а неможеш да се тргнеш, припиен си меѓу петорица околу тебе и околу нив уште дупло повеќе луѓе стуткани во ограда што не е ни метар квадратен. Те буткаат од назад за побрзо да се движиш, те буткаат од напред зошто нема место или затоа што ќелавиот вратар не пушта пред 1 часот. Што му прави разлика дали ќе влезам во 1 или во 5 за 1? -Незнам. Во секој случај не ми беше пријатно да стојам измеѓу толку луѓе на таков мал простор без да имам воздух.

2.Тхе walk of шејм
Како што реков имавме резервирано сепаре и тоа на втор кат (ако си на вториот кат си во VIP делот и фаца си нараВно). Влеговме што влеговме во ВИ АЈ ПИ делот го најдовме сепарето кај што беше напишано името на резервацијата. Уште пред да седнеме, од некаде се стрча некој менаџер со име Маче, Ушко, Зајче и како ли да беше, само менаџерите на клубови имаат такви смешни имиња за кои само они мислат дека се awesome. Не, не, не тоа сепаре не било резервирано за нас, уствари ние сме немале резервација. По кратко расправање, кавгата заврши со негова победа затоа што он како ќе каже така ќе биде и фино лепо не кикна од ви ај пи делот и не прати доле. ДОЛЕ?! Во такво место ова е срам, да се спуштиш на такво ниво да те бркаат од ви ај пи делот за да се симнеш меѓу обичните смртници. СРАМОТА!

3. The awkward moment when you don’t know how to respond to a pretty stupid statement.
Фативме коњопој доле и како во 90% од случаевите се фаќа оној најблиску до вецето или таму каде што е најфреквентно поминувањето на пијана раја.  Во сите тие бутканици и лактови кои ги добив, некој ме тапна по рамо. Кога гледам, дебилот од основно што го немав видено од кога завршивме. Стандардниот муабет „здраво, како си?“ и гордо ми се пофали дека се отпишал од средно и отворил сервис за мотори. Вуау! Ова беше врвот на досегашниот тек на настани. Само му покажав палец, неможејќи да го сварам фактот дека некој би се отпишал од средно за да стане механичар. Од кога си отиде се запрашав какви луѓе одат тука и колку од нив се отпишале од средно за да отворат сервис за *insert type of vehicle here*!  Фасцинантно!

4. Акробатка
Сеуште малце шокиран од претходниот муабет наеднаш видов како елегантно пополнета млада дама ѓон пијана се движи во моја насока. Средена од глава до пети како и сите модерни скопјанки во сабота навечер, шминка еден тон, пудра „стисни желба“, ф’стан со шљокици и штикла 15ка. Little do I know беше тргната кон вецето и така убрзана се лизна од некоја истурена пијачка и изведе опасна пируета завршувајќи со шпага на земја. Да се смеам или да плачам, решив да се згазам од смеење од кога видов дека се е океј и како ништо да не се случило со дигнат нос продолжи кон вецето. Поука за сите скопјанки кои се форсираат себе си да носат високи штикли само за да изгледаат убаво иако незнаат да одат на истите.

5. Романтики на сите страни
Неможев веќе да ја поднесам атмосферата и излегов на цигара, на патот кон излезот успеав да забележам како теткицата што шитка цвеќиња по дискачи му се пушта на еден од вратарите, веројатно да ја пушти бесплатно да си го тера бизнисот доле. А не беше ништо поарен и типот што ми побара упаљач надвор. Си направив рана на устата од што неможев да издржам да се смеам како и раскажува на глупавата плавуша за неговото редовно одење во теретана. Се чуствував малце аутсајдерски па решив да си влезам внатре. Не бев расположен за романтични комедии.

6. Пепелашка и пијаницата
Додека ги споредував муабетите надвор со патетични тинејџерски романтични филмови, симнувајќи се надоле во обратен правец се движеше еден пар. Типот беше дамла пијан и се беше закачил на девојката која со тешкотии го мкнеше по скалите. Неочекувано застанаа и типката се сврте назад да си ја собере штиклата која останала скала подолу и која веројатно и го криеше процепот на хулахопката.

Незнам дали ова е секојдневие по скопските дискотеки но знам дека нема да проверам anytime soon. Чудни луѓе сме ние, цел свет иде во диско да се забавува, ние идеме да бидеме видени и да фаќаме сеир. Секако за ова второво и јас не сум ништо подобар, доказ е и самиов пост. Не си поминав лошо гледајќи на тоа дека знам како да си направам вечерта да ми биде убава. Ама преку дебилизмот на луѓето кои ги водат ваквите места и глупавоста на луѓето неможам да поминам.

Се она што заборавив да напишам сигурно не вредело да се запамти, но ако ми текне секогаш можам да напишам нов пост.

Стриптиз за Хуанита

Кладба, предизвик, ветување или подарок за роденден..
Наречете го како сакате, но вечерва некој играше стриптиз.
(Да наведам дека не беше толку успешен)

15 јануари, 23:18
Далеку од трезни, со многу алкохол во себе, се смеевме како луди за ситници и за дебелото запотено типче што веќе четврта песна ја фалшираше на караоке. Смрзнати на -10 во јануари пушевме цигара, секако чашките во раце. Незнам како дојде до тоа да падне договор дека на нејзиниот роденден јас ќе играм стриптиз. Си велев ај уште 5 месеца, ќе заборави..

19 јуни, 22:37
Договор си е договор, а како чесно момче во нечесни ситуации, ќе си го испочитувам нели? Влегов во собата каде 10 девојки се смешкаа, сеуште незнаеа што се случува. Се затемнија светлата, музиката почна. Кога мојата маица заврши во рацете на славеничката сите сфатија зошто воопшто се нашле тука. А не беа калуѓерки, ги ококорија очите небаре прв пат гледаат машко без маица. Почнав да се потам ко коњ, а дополнителна нервоза беше исчекувањето да ги соблечам панталоните што се гледаше во нивните очи. Копче, по копче.. Па уште едно копче.. Вртење те ваму те таму ко збунет пингвин кога ќе се најде на плажа. Гаќи доле, раце на место. Незадоволството ги натера да ми запеат “My heart will go on” од Селин Дион.. И како и сите други кога ја слушаат песната и мислат дека се на клунот на Титаник, па рацете горе, е така и јас.. (Се слушна глас: „Видов ку*р!“)

*белешка од авторот (наравоучение): Не прави битни договори на пијано, освен ако не си ти во ќар.

Ороспијата

Играше опасна игра во која се впушти самоволно. Бараше лесни, брзи пари а доби модринки, скршено ребро и неколку грама кокаин, подарок од нејзините редовни ебачи. Немаше голема тарифа и секако дрогата беше добредојдена ако немаш пари. Ја имаше пројдено скоро секој од скопските „курвољубци“ и беше позната по добриот секс и разновидноста на болести со кои располагаше. Колку што знам, немаше пријатели, ниту пак љубовник. Одамна имаше кренато раце од љубовта. За неа беше важно да стигне до кокаин и пари колку да купи алкохол и нешто за јадење. Модринките на лицето врз кое паѓаше нејзината црна мрсна коса,  ги криеа нејзините години. Беше ужасно грда! Покрај тоа што се продаваше себе си таа веќе подолго време и самата беше дилер за една јака скопска фаца, име непознато. Сирота глупача беше до грло во долгови кај него. Ѝ прати неколку пати поздрав дека треба да ги врати парите преку двајца „гласници“ што ја изебаа до несвест и ја збумбарија со два-три бокса одпосле. Незнаеше што да прави. Неможеше да се врати во Србија, немаше каде, немаше дом, а ни фамилија. Препуштена во рацете на судбината, немаше сила, ниту пак волја да си помогне, а не веруваше во добрината на другите луѓе.

Беше убава летна вечер, враќајќи се накај дома здогледав ужасно грда девојка и двајца огромни ќелави момци покрај старата напуштена зграда. Зборуваа некако нервозно! Побрзав од страв, изгледаа сомнително и не ме забележаа…

Ороспијата или немаше среќа или се откажа од животот. Беше најдена мртва покрај некоја напуштена зграда. Претепана до смрт!